Математичка формула за траење на љубовната врска

– Истражување за трајноста на врските, кое опфатило 2.000 лица, ја откри формулата за траењето на една љубовна врска.

Математички, таа гласи: L = 8 + 5У – 2P + 9Hm +3Mf + G – 3g – 5 х (Sm-Sf) х 2 + I + 1,5 х C.

Притоа, „L” го претставува времетраењето на врската (во години); „Y” – времето колку се познавате, пред да започне врската; „P” е бројот на партнерите што сте ги имале; „Hm” – важноста која мажот и ја придава на врската; „Mf” – важноста што жената и ја придава на врската; „G” – важноста, која двајцата партнери му ги придаваат на хуморот; „g” – важноста што партнерите му ја придаваат на надворешниот изглед; „Sf” – параметарот за важноста на сексот; „I” – оценката на двајцата партнери за родителите; „C” – параметарот за важноста на децата.

Потоа, секоја од променливите се оценува од 1 до 5, при што 1 е најмалку важно, а 5 е најважно.

Ако сте умерени во одговорите, и на пример средната оценка Ви е – три, врската ќе Ви трае 22,1 година.(МИА)