Јапонски електричен суперавтомобил постигнува брзина од 0-100 км/ч за само 1.92 секунда (Видео)

Јапонски електричен суперавтомобил постигнува брзина од 0-100 км/ч за само 1.92 секунда (Видео)

Веднаш на почеток мораме да ви кажеме дека автомобилот има тркачки гуми, така што не се работи за 100% производна верзија, но без оглед на тоа, се работи за неверојатно постигнување на една мала инжинерска фирма од Јапонија.

Електричниот хипер-автомобил со интересен назив „Aspark owl“ ги собори сите досегашни рекорди.

Се работи за електричен спортски автомобил кој минатата година е прикажан на саем за автомобили во Франкфурт.