Неандерталците први се занимавале со уметност

(МИА) – Новите научни откритија  во шпанските пештери претставува најсилен доказ дека неандерталците први почнале да се занимаваат со уметност.

Главното откритие претставува староста на некои пештерски сили и декорации на школките.

– Пештерските слики се стари околу 65.000, а декорациите на школките околу 115.000 години, кога живееја неандерталците, се посочува во студијата објавена во „Сајенс“ (Science).

Европските истражувачи открија дека таквите дела се создадени пред современиот човек (homo sapiens) и дека станува збор за неандерталците, праисториски луѓе кои живееле во делови од Европа и од Азија.

Досега се сметаше дека првите пештерски слики се дело на хомо сапиенсот.