Алаѓозовски: Најголем дел од спорните ситуации со Годишната програма се разрешени

0 Shares

(МИА) – Најголем дел од спорните ситуации во Годишната програма за култура се разрешени со повлекување на проектите од страна на учесниците, а за дел од случаите е потребно и мислење од Антикорупциската комисија, изјави денеска министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Скопскиот аквадукт, министерот Алаѓозовски рече дека жалбената постапка ќе биде можност да се адресираат и останатите незадоволства.

– По долги години апсолутна нетрансперетност во Министерството, храбра беше одлуката да се објават резултатите, добитниците и одобрените суми од еден конкурс со дури 5.000 пријавени и над 2.500 одобрени проекти. Спорните проекти не надминуваат ни еден процент во однос на финансиските средства. Тоа се неполни 20-тина проекти и сметаме дека тоа е добар резултат и мала маргина на грешка за ваков голем и макотрпен процес така што генерално сметаме дека програмата е добра, а сите неправилности ќе ги разрешиме до крај, нагласи Алаѓозовски.

0 Shares