Направете сами спреј за брзо одмрзнување на стаклата на автомобилот

Одмрзнувањето на стаклата на автомобилот за многумина е задолжителна подготовка за возење во зимските месеци.

За да не губите време во чистење на мразот со разни направи, ви донесуваме едноставен рецепт за средство со кое ледот ќе се растопи.

Потребен материјал: шише со распрскувач, 1 дл медицински алкохол (70%), 5 капки детергент за садови, 4 дл топла вода

Во шишето со распрскувач ставете алкохол, потоа детергент и на крај топла вода. Затворете го шишето, протресете ја содржината и тргнете во акција. Течноста после првото одмрзнување ќе го штити стаклото од мраз уште некое време.