„Хуавеј“ и „Асус“ ќе го следат трендот на „ајфон Х“?

Судејќи според фотографиите што излегоа на социјалните мрежи, компаниите „Хаувеј“ и „Асус“ ќе го следат трендот што го постави „Епл“ со новиот „ајфон Х“, со екран по целата површина на телефонот и мал зарез на врвот, каде што е позиционирана слушалката.

Иако новите телефони на овие две компании не се официјално претставени, фотографии од најавените модели се појавија на интернет, поточно на профилот на Еван Блас, а нивниот изглед многу потсетува на познатиот „ајфон“.

Претставувањето на новиот паметен телефон „хуавеј П20“ е закажано за Париз на 27 март, а на тековниот Светски мобилен конгрес во Барселона компанијата ги претстави MateBook X Pro и серијата MediaPad M5.