Случајно пронајдена исчезната слика од Клод Моне

Слика од францускиот импресионист Клод Моне, која му припаѓала на јапонски колекционер, а исчезнала пред неколку децении, е пронајдена во парискиот музеј „Лувр“. Сликата ѝ е испратена на Јапонија, соопшти Националниот музеј за западни уметности во Токио.

Платното насликано во 1916 година од познатата серија „Лотоси“ на францускиот сликар е пронајдена во Лувр во 2016 година, но досега не беше соопштено во јавноста, навеле од Музејот во Токио за „Франс прес“.

Сликата била многу оштетена, а од музејот рекле дека ќе биде потребно многу време да реставрација. Сликата му припаѓала на колекционерот Коџира Мацакате и ја купил директно од Моне во 1921 година кога бил во посета на неговото ателје.

Сликата во текот на Втората светска војна била во „Лувр“ каде што се чувала колекцијата на Мацакате и од тогаш била заборавена дека постои. Дел од неговата колекција бил вратен во Јапонија во 1959 година, но меѓу сликите не била и онаа од Моне. Персоналот во „Лувр“ случајно во 2016 година ја пронашол сликата.

Моне (1840-1926) имал обичај да прави серија слики со исти мотиви, а меѓу нив е и серијата слики со лотосови цветови, работени со техниката масло на платно. Импресионизмот како сликарско движење го добил името по сликата на Моне „Импресија, раѓање на сонцето“ од 1874 година.