ЕДЕН НА ЕДЕН: Наше маало нѐ вратија во детство, Лоба во пубертет

Владимир е дел од „Фамилијата Марковски“, Ненад игра во новиот филм на Теона Митевска, а Несри е менаџер во „Бургер Кинг“. Каде се и што прават останатите членови на култната детска серија „Наше маало“ дознајте во најновата епизода на „Еден на Еден“.

Во неделата, заедно со дел од екипата на „Наше маало“ се потсетивме на времињата кога се дружевме со зградата Кармен , со Мали, Бени, Филис…

Викторија Лоба, пак, отворено одговараше на секое прашање на Жаре, а екипата и подготви многу скокотливи теми. Дали ќе видиме свадба годинава и дали конечно го доби македонскиот пасош.

Епизодата со „Наше маало“ и Викторија Лоба веќе е достапна на „Јутјуб“:

Следната недела пак, од 18:50 часот на „Канал 5“, гледајте го гостувањето на Тони Михајловски во „Еден на Еден“.