Концерт на Јосипа Лисац во Скопје

Во рамките на својата турнеја, со која ја одбележува 50-годишната кариера, Јосипа Лисац својот последен концерт во оваа низа ќе го одржи во Скопје на 20 април во новата сала на Македонската филхармонија.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре, 3 март, во 9 часот наутро преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ во цела Македонија по цена од 1.500 и 2.000 денари.

Од „Авалон продукција“ информираат дека ќе се одржи само еден ексклузивен концерт и во продажба ќе бидат пуштени само 800 влезници.