Тони Михајловски во Еден на Еден (Видео)

Отворено, искрено и секако – опуштено интервју ве очекува оваа недела од 18:50 на Канал 5 кога за првпат ќе го гледаме Тони Михајловски во „Еден на Еден“.

Михајловски зборува за улогата во хит серијата „Сенки над Балканот“ и за новото искуство како режисер.

Тој одговара и колку неговата гласност на социјалните мрежи и политичка определеност му одмогнале во професионалниот живот и за, како што вели, двојните аршини на јавноста. Жаре не пропушти да го праша и за „Опуштено“, за неговиот приватен живот, за детството и студентските денови…

Сѐ на сѐ, ве очекува еден одличен разговор со единствениот Тони Михајловски. Затоа не ја пропуштајте „Еден на Еден“ и оваа недела од 18:50 на Канал 5.