Тестирана руска нуклеарна подводна ракета со неограничен домет (Видео)

Русија работи на повеќенаменска нуклеарна подморница без екипаж.

„Успешно е тестирана главната компонента на новото оружје: нуклеарен погонски систем“, изјавил главниот заповедник на Руската морнарица адмирал Владимир Корољов.

Благодарение на нуклеарниот реактор на кој не му е потребен воздух ниту дополнување гориво, радиусот на делување на подводната ракета не е ограничен. Дометот на современите нуклеарни подморници зависи исклучиво од можноста на екипажот, додека кај подводните ракети нема екипаж.

Беспилотните подморници ќе можат да се движат на огромна длабочина од преку 300 метри и со голема брзина, со што ќе останат незабележани од непријателот.

Ова оружје е тивко, што му овозможува лесен пристап до саканиот објект, а неговиот специјален систем за наведувње обезбедува автономна навигација и прецизност при гаѓање на целите.

ВО ТРЕНД