Одбележан денот на албанскиот учител во Дебар

Денот на албанскиот учител, 7 Март, во Дебар е одбележан со бројни активности. Патрониот празник во училиштето „Саид Најдени“ се одбележа со богата програма, а така беше и во другите дебарски училишта.

Во Галеријата на градскиот амам дебарскиот сликар Сабит Боцку имаше изложба на која беа изложени над 50 слики во кои доминираа ликови од наставниот кадар на Албанците, потоа дебарската архитектура, традицијата и убавините на поширокиот регион. Боцку, кој сега е пензионер, на отворањето нагласи дека околу 200 дебарски наставници додоа голем придонес во образованието на Албанците во Полошкиот, Скопскиот и Регионот на Куманово.

Градоначалникот на Дебар, Ружди Лата, на прес-конференција истакна дека Дебар има посебно место во наставниот процес на Албанците во целина. Тој рече дека голем е бројот на албански наставници кои имаат големи заслуги за албанската настава во целина.(Makfax)