Го направила овој домашен спреј за чистење рерна и вели дека веќе никогаш нема да купи никакво хемиско средство

„Никогаш во животот веќе нема да купам никакво средство за чистење“, вели воодушевена домаќинка која на Фејсбук го споделила својот рецепт за чистење рерна.

Состојки: 1/4 шолја детергент за садови, 1/2 шолја сок од лимон, 1 шолја оцет, 1 1/4 шолја вода

Подготовка: Сите состојки ставете ги во шише со распрскувач па нежно протресете за состојките да се измешаат.

Пропрскајте ја рерната, оставете малку да делува и со малку труд рерната ќе изгледа како нова!