Шифрин продолжува со победите

Еден ден откако ја обезбеди својата втора титула во генерален пласман од Светскиот куп, Микаела Шифрин се врати на највисокото место на подиумот со 11-та победа во сезоната на слаломот во Офтершванг.

Третото место на петочниот велеслалом беше доволно за големиот кристал, а сега таа направи предност од 225 поени во слаломскиот куп на една трка пред крајот на сезоната. Шифрин имаше предност од 0.46 секунди по првото возење, но мораше да се „тресе“, откако Венди Холденер имаше фантастично второ возење да дојде само на 0.09 секунди.

Шифрин, која освои две олимписки титули во Пјонгчанг, сега има 623 поени пред Холденер во генералниот пласман, додека на второто место во слаломот е Петра Влхова.