тор меч, втора катастрофа – Локомотива првпат го победи Динамо!

Нешто навистина не е во ред кај лидерот во хрватската лига Динамо Загреб. Откако го загубија гостинското дерби со Риека со 4:1, „модрите“ им приредија нов шок на своите навивачи откако првпат во историјата загубија од градскиот „ривал“ Локомотива Загреб.

Локомотива дојде до водство на „Максимир“ уште во деветтата минута од белата точка преку Мајер, но Олмо во 25. минута израмни за лидерите во ХНЛ. 19-годишниот Косовец, Љирим Кастрати во 44. минута успеа да ја помине одбраната на домаќините и ги донесе Локомотива во водство.

Во второто полувреме вистинска реприза – Мајер даде уште еден гол од пенал, а Кастрати уште еднаш ја затресе мрежата.

Динамо останува прв во ХНЛ со 56 поени, девет повеќе од Хајдук, додека Локомотива се на шестото место со 27 поени, но сепак, по двата тешки порази, позицијата на тренерот Марио Цвитановиќ е повеќе од несигурна.(makfax)