Бекер: Новак мора целосно да му се посвети на тенисот

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковќ, Борис Бекер, го повикал српскиот тенисер да му се посвети на тенисот доколку сака повоторно да се врати на врвот.
Ѓоковиќ речиси две години не е на своето препознатливо ниво, има проблеми и со повредите, а во неколку свои изјави потенцира дека тенисот повеќе не му е приоритет.
Германецот со кого Ѓоковиќ освои шест гренд слем титули знае дека професионалниот живот е тежок.
„Новак е среќен семеен човек. Многу време поминува со сопругата и децата, но доколку сака повоторно да биде на врвот, тогаш мора 100 отсто да му се посвети на овој спорт, во секој момент“, рекол Бекер.
Тој дополнил дека на Ѓоковиќ му е јасно што треба да направи.
„Паметен е, знае што да прави. Треба да се жртвува“, дополнил Бекер.