Џовинко тресе за Торонто

Себастијан Џовинко во 2015 направи изненадувачки потег во кариерата заминувајќи си од Јувентус за настап во Торонто во МЛС-лигата на другата страна на Атлантикот.
27-годишниот Италијанец, кој го носеше прекарот Атомската Мравка, во Канада стана миленик на навивачите постигнувајќи 67 гола во 109 меча, а лани со нив го освои и МЛС-купот.
Дека воопшто не ги загубил квалитетите, покажува и неверојатниот гол од слободен удар во четврт-финалето на Лигата на шампионите на Џовинко, гол со кој Торонто го елиминира мексиканскиот шампион Тигрес.