Иранците му веруваат на Кеирош

Карлос Кеирош доби понуда да го продолжи договорот и да остане селектор на Иран и по Светското првенство во Русија, јавува „Ројтерс“.
Квеирош, кој успеа да ги квалификува Иран на Мундијалот во Бразил во 2014, добил понуда да остане до финалето на Азискиот куп, кој ќе се игра во Обединети Арапски Емирати на почетокот на 2019 година.
Поранешниот тренер на Реал Мадрид и селектор на Португалија, беше долгогодишен помошник на Сер Алекс Фергусон, а во Иран пристигна во април 2011 година. Оваа година тој влезе во конфликт со федерацијата барајќи поголема поддршка за фудбалерите.
Иран последен пат го освои Азискиот куп во 1976, кога ја освоија третата од трите последователни титули. Во 2015 година во Австралија на Азискиот куп,  тие беа елиминирани драматично на пенали во четврт-финалето од Ирак.
(Makfax)

Во тренд…