Утре без струја делови од Аеродром, Сарај, Ѓорче Петров, Карпош и од Гази Баба

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека утре без струја ќе бидат неколку делови на Скопје. Во периодот од 8.30 до 14.30 часот без струја ќе останат корисниците од улицата Горноврановска во општина Аеродром.
Од 10 до 13 часот исклучени ќе бидат корисниците на дел од с. Долно Свиларе, како и дел од с. Горно Свиларе во општина Сарај.
Во периодот од 10.15 до 11.15 часот корисниците на дел од караулата Чашка, дел од с. Кучково, како и викендичките во Кучково во општина Ѓорче Петров.
Од 9 до 13 часот без струја ќе бидат и корисниците на дел од улицата Миле Поп Јорданов, како и дел од улицата Џумајска во општина Карпош.
Без струја од 8.40 до 15 часот ќе останат и корисниците од Јурумлери, од патот за Лисиче до Дрма, Колонија и Идризово во општина Гази Баба.