СКАЈ Анализа: На ред смените и проветрувањето во Владата – кој од функционерите ќе добие жолт, а кој црвен картон?

Откако беше беше донесен Законот за јазици по втор пат во македонското Собрание, падна товарот кој на себе го имаше владината коалиција, а сега на ред е проветрувањето во Владата, но и реформите од програмата Живот за Македонија.

Според информации на Скај во тек се анализи и подготовки за мини реконструкција на Владата каде што ќе биде извршена рокада на министри и функционери, кои најверојатно ќе добијат други функционерски места, а тоа се очекува да биде дел од проветрувањето кое го најави и премиерот Зоран Заев неодамна, со што би се вклопило и влегувањето на неколку помали политички партии во коалиција со СДСМ.

Премиерот Зоран Заев во неодамнешното интервју за Призма се изјасни и за слабостите на дел од новоизбраните функционери, критикувани во јавноста.

„Се раководев од критериуми и услови да им ја дадам довербата на луѓе во кои стартно верував.

Можете да ги погодите комплетно, да погодите дел од нив или да промашите дел од нив.

Добро е што тоа е на увид на јавноста, и што се дебатира“, се согласува Заев во интервјуто дадено за Призма.

Инаку според аналитичарите со кои комуницираше деновиве Скај сето ова ќе донесе зајакнување на Владината коалиција, но ќе биде и поттик за да се работи повеќе и на дневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, но и тековно спроведување на мерките од програмата За живот во Македонија.

Инаку премиерот Зоран Заев во интервјуто за Призма, дадено неодамна уште и додава:

„Тоа што значи неуспешност во менаџирањето на една институција, не може да заврши како рефлексија во самата институција.

Ќе следуваат кадровски промени. Не сакам никој да ја изгуби шансата.

Ако не е за првото место, можеби ќе биде за второто, третото, четвртото…

Има огромен дел кои многу сакаат да се докажат, но не знаат.

Тука се и новите генерации кои доаѓаат, и веројатно, паралелно и учат.

Има дел кои знаат и се трудат.

Има дел кои ниту знаат, ниту се трудат.

Рекапитуларот ќе се случи по десетте месеци од стартот на Владата, напролет, кога на дел од нив ќе им се заблагодариме.

Немаме многу време, а граѓаните чекаат резултати.

Рекапитуларот може да предизвика и реконструкција.

Може да има промена на директори, но и промена на министри, на државни секретари…“, најавува премиерот.

 

Ќе заминат арогантните и неработниците, дел ќе добијат и опомена

Според сознанија на Скај, први ќе заминат оние кои се најарогантни со граѓаните, но и големи неработици односно оние кои ниту знаат, ниту се трудат да направат нешто за доброто на државата извршувајќи ги функциите кои им се искрено доверени.

Се работи за мал, но значаен број на функционери кои функцијата си ја сфатија како личен успех и шанса за лични придобивки и придобивки на своите роднини, но не и за граѓаните.

Сепак според сознанијата на Скај, нема сите функционери кои ќе бидат сменети да останат без функции, туку само дел за кои “нема надеж” дека ќе се поправат, оние кои заслужуваат уште една шанса ќе завршат на други помалку атрактивни функции за кои можеби повеќе се компактибилни и способни, а тоа ќе биде опомена која треба да им даде поттик да се подобрат во своето работење, односно да бидат тоа што и за што се поставени – сервис на граѓаните, а не на своите блиски роднини.

 

Новиот СДСМ е енергичен и силен, се грижи за промени на подобро, реформите да течат брзо и ефикасно

Факт е дека дел од функционерите не можат да го следат темпото на кое премиерот Зоран Заев и голем дел од министрите работат, а тоа е брзо завршување на работите и решавање на проблемите на невидено брз, ефикасен и квалитетен начин.

Многумина не се навикнати на ефикасно и брзо завршување на домашните задачи, па ги оставаат за утре, задутре, од понеделник, вгодина…

Токму тоа “утре”, не може да си го дозволи Македонија, бидејќи време нема.

Секој еден функционер треба да се огледа на премиерот Зоран Заев – кој зрачи со енергија, човек кој е скромен, човек кој е достапен на граѓаните и неуморно работи за доброто на нашата Македонија.

Заев е човекот кој за неколку месеци успеа да ги изгради разрушените мостови со голем број на држави и меѓународни организации.

Заев е човекот кој наместо да отвара селски чешми како што правеше неговиот претходник, реши посветено да ги пегла и средува односите најпрво со нашите соседи, а потоа и со големите светски сили.

Премиерот за само неколку месеци успеа да направи големи сојузници на Македонија од најмоќните земји во Европа и Светот.

Тоа е оној истиот Заев кој ја направи Струмица град над градовите, а дали функционерите од прв до последен ешалон ќе го следат неговиот пример останува да видиме во периодот што следува.

 

 

Во тренд…