Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Утре без вода дел од Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација е добиено известување дека во недела поради промена на три шибери од Ф-150 мм на Булевар Србија до Евроазија во населба Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од сервисна зона Југ, улицата Христо Татарчев крак од број 1 до број 11 и булеварот Борис Трајковски од број 2 до број 8.

Корисниците ќе останат без вода од 8.30 часот до санирање на дефектот во општина Кисела Вода.