Тухел: Уште ќе бев тренер на БВБ да не беше бомбашкиот напад

Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Томас Тухел верува дека би останал на кормилото на БВБ да не беше бомбашкиот напад на нивниот автобус минатиот април, по што дошло до проблеми во односите со Ханс-Јоаким Вацке.

Дортмунд патуваа на четврт-финалето од ЛШ против Монако на нивниот „Сигнал Идуна парк“, кога автобусот им беше оштетен од три експлозии. Дефанзивецот Марк Бартра беше повреден и беше на операција на зглобот на раката, а мечот беше одложен 24 часа. Монако победи со 3:2, по што на домашен терен уште еднаш ги победи БВБ со 3:1.

По презакажувањето на натпреварот, Тухел изјави дека ниту тој, ниту неговите играчи не биле консултирани околу презакажување на мечот само 24 часа, нешто што извршниот директор Вацке го демантираше.