Домашно средство за чистење: Плочките и фугата во купатило ќе бидат како нови

Одлично, економично и безбедно средство за чистење фуга помеѓу плочките. Еве како да го направите!

Состојки: 7 чаши вода (1,5 л), 1/2 чаша сода бикарбона, 1/3 сок од лимон (или 1 супена лажица лумонтус), 1/4 чаша алкохолен оцет

Начин на подготовка: Во 1,5 л вода растворете сода. Додајте лимонтус или сок од лимон и на крај полека налијте оцет. Причекајте додека помине хемиската реакција и вашата смеса е готова за употреба.

Сега со четка или сунѓер истријте ги фугите со смесата и ќе видите како пред вашите очи фугите стануваат чисти, а плочките добиваат свеж и обновен изглед.