Се прави од три состојки: Докажано моќна комбинација која ги решава овие 4 проблеми

Оваа мешавина, како што тврдат оние кои ја пробале, е многу делотворна кај наведените проблеми.

Бибер, сол и лимон – сјајна комбинација во салата, зар не? А дали знаете дека овој спој од состојки е и лековит? Еве за што е добра оваа комбинација:

Болно грло: Решете се од болките во грлото така што во чаша топла вода ќе измешате една лажица сок од лимон, половина лажица црн бибер и лажичка морска сол. Измијте ја устата неколку пати дневно и простете се од болното грло!

Слабеење: Направете микс од четвртина лажица црн бибер, две лажици сок од лимон и една лажица мед. Сè измешајте во чаша топла вода и пијте секое утро. Оваа напивка помага за забрзување на метаболизмот.

Забоболка: Измешајте половина лажичка мелен бибер и половина лажичка масло од каранфилче и ставете на болниот заб.

Мачнина: Измешајте по лажица сок од лимон и бибер во топла вода. Испијте полека додека не почувствувате дека мачнината ја снемува.