Застрашувачка глетка: Африка се дели на два дела (Видео)

Источна Африка се одвојува од остатокот од континентот во рамки на геолошкиот настан кој за милион години би можел да го остави тој континент без неговиот „рог“.

Сепак, оваа природна појава веќе сега предизвикува проблеми, пишува Индепендент.

Геолошкото отцепување на источната страна од континентот, кое еден ден ќе го исполни океанот, се шири многу побргу, отколку што научниците тоа го претпоставувале.

Од таа причина, кенискиот пат Маи Махиу се срушил откако под него се појавила пукнатина, соопшти Кениската национална управа за автопати.

Одделувањето на сомалската плоча е предизвикано од движењето на дел од земјината обвивка, која ја пренесува топлината од Земјиното јадро кон нејзината површина, пренесе РадиоСарајево.