Ставете неколку стапчиња во шишенце со маслиново и етерично масло – резултатот ќе ве воодушеви

Овој домашен освежувач на простории има две функции. Првата е да ги неутрализира непријатни мириси од просторите во кои поминувате време и да ослободи пријатна арома, а другата е да делува декоративно.

Значи, ова двојно ќе влијае на вашиот ентериер.

Едноставноста на подготовка е еднакво фасцинантна. Она што ќе ви биде потребно од материјали се помало стаклено шише, маслиново масло, стапчиња за ражничи и етерично масло по ваш избор.

Од стапчињата за скара отстранете ги острите врвовите. Во стаклено шишенце ставете маслиново масло (да не преминува половина), потоа додајте неколку капки етерично масло.

Стапчињата забодете ги во шишенцето, а интензитетот на мирисот ќе зависи од количината на стапчињата кои сте ги ставиле.

Можете да направите и повеќе вакви освежувачи.