Ако имате ПВЦ прозори овој трик мора да го знаете

ПВЦ столаријата е најчест избор, бидејќи лесно се инсталира, а и најдобро ја задржува температурата во домот. Но, при поставувањето мајсторите обично не ви кажуваат некои битни работи…

Поентата е што во различни временски периоди потребно е да го промените начинот на „одржување“ на прозорите.

Едноставно отворете го прозорот и пронајдете го шрафот на страната каде се наоѓа рачката, па подесете го помош на инбус клуч.

Шрафот кој се наоѓа од страната свртете го кон внатре, при што ја регулирате силата на потисок на прозорската рамка.

Кога мајсторите ги поставуваат прозорите, најчесто ги оставаат во „стандарден“, односно среден режим.

Ако не сте сигурни во кој режим се вашите прозори и врати, едноставно притиснете парче хартија со прозорската рамка.

Ако без проблем можете да го извадите, наместен е на летен режим, а ако се искине при вадењето тогаш е на зимски режим.

Не е пожелно да ги оставате вратите и прозорите на зимски режим цела година, бидејќи се оптеретува гумата на рамката и брзо се троши. Деталите погледнете ги во видеото.

ВО ТРЕНД