„Фејсбук“ најавува голема промена која ќе биде од голема корист за корисниците

Компанијата „Фејсбук“ објави дека ќе ги промени поставките за приватност за да им овозможи поголема контрола на потрошувачите околу нивните лични податоци на социјалнaта мрежа.

„Слушнавме многу јасно дека поставките за приватност и другите важни алатки тешко може да се најдат и ние треба да сториме повеќе. Ќе преземеме понатамошни чекори во наредните недели за да им овозможиме на корисниците поголема контрола врз безбедноста на нивните лични податоци“, соопшти „Фејсбук“.