Ова е единствен начин да го „скинете“ салото околу стомакот – еве што треба да правите

Колку и да вежбате и водите сметка за храната, салото од стомакот не можете да го „скинете“? Нутриционистот Џош Акс открива проверен метод кој дава резултати!

Акс во разговор за „Поп шугар“ издвоил важни совети во исхраната, посебно кога сакате да се ослободите од салото од стомакот.

„Фокусирајте се на консумација на билна храна, особено зеленчук, почнете од тоа. Не само што ќе ви помогне да ги исфрлите маснотиите, туку и на вашето тело ќе му даде хранливи состојки за подобро да функционира. Верувајте ми, кога преработената храна ќе ја замените со здрава, ќе почувствувате голема разлика“.

Доктор Џош советува дека е важно да имате пауза помеѓу оброците, но и да го исфрлите шеќерот.

„Шеќерот е лош по вас. Посебно избегнувајте да внесувате шеќер ако сакате да го скинете салото од стомакот. Обратете внимание и на скриените извори на шеќер, како млеко, сокови и здрави слатки“.

Освен тоа, би требало да избегнувате и јаглехидрати.

„Ако сакате да го намалите обемот на струкот, најважно е од својата исхрана да ги исклучите јаглехидратите – посебно рафинирани како бел леб и паста. Не само што со нивниот внес добивате на тежина (и тоа на погрешни места), туку имате и постојано чувство на глад“, заклучува Акс.

Во тренд…