Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Солза и смеа и Пепи Мирчевски во Еден на Еден

Битолска инвазија неделава во Еден на Еден. Покрај комичарот Марјан Ѓорѓиевски, кој му прави друштво на Жаре во текот на цела 9 сезона, во недела ќе гледаме уште неколку одлични битолски ликови.

Петар Мирчевски, актерот кој сме го гледале во многу македонски, но и балкански филмови, како и во преку 150 престстави, ќе зборува за својата долга кариера, многуте анегдоти од Битолски театар, снимањето со Моника Белучи, Емир Кустурица, Ерик Кантона, Милчо Манчевски и многу други, а ќе даде и одговор на прашањето – ќе има ли серија „Пепи и Муто“?

Саше Димитровски и Никола Кумбачевски – Кумба од „Солза и смеа“, пак, ќе зборуваат за едни од најгледаните македонски скечеви на „Јутјуб“, проблемите со Исламската верска заедница и поранешнио градоначалник на Битола, претставите, публиката…

Не ја пропуштајте Еден на Еден во недела од 18:50 на Канал 5.