Утре без струја делови на Центар, Карпош, Сарај и Ѓорче Петров

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека заради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат неколку делови на Скопје:

Во периодот од 08:30 до 14:30 часот корисниците од дел од ул. Козара во Општина Центар,

Од 10:30 до 13:00 часот корисниците од делови од улиците Ганчо Хаџипанзов и Караорман во Општина Карпош,

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот корисниците од дел од с. Кондово во Општина Сарај и

Во периодот од 09:00 до 10:00 часот корисниците од рудникот Радуша, дел од с. Кондово, караула Чашка, с. Грачани, викенд нас. Веле Поле, дел од с. Кучково и викендиците во с. Кучково воОпштини Ѓорче Петров и Сарај.