(Видео) Тренов: Владата итно да го реши проблемот со откуп на зелката

СДСМ никогаш не водел сметка за земјоделците и не води политики со кои ќе ги реши нивните проблеми. Земјоделците осиромашуваат, а СДСМ не знае да се справи со ниските откупни цени на земјоделските производи.
https://www.youtube.com/watch?v=FMlWDY7LrG44
Тоа го потврдува фактот дека од нивното доаѓање на власт бевме сведоци на незадоволство од ниските цени на голем број од земјоделските производи праски, бостан, јачмен, ориз, јагне и итн. Состојбата кулминираше вчера кога со биењето на камбаните во с. Муртино – Струмичко, земјоделците очајно повикуваа на помош, за справување со драстичниот пад на цената и намалувањето откупот на пролетната зелка. Ја повикуваме Владата да престане да се расфрла со пари за срамни збирки, скапи советници кои ништо не работат и да им помогне и да го реши овој проблем, изјави Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Зоран Заев во предизборието вети мерки со кои ќе го регулира откупот на земјоделските производи. „Еве што ги лажеа земјоделците додека им требаа нивните гласови: задолжително договарање на цената на земјоделските производи, преку договарање на откупот и цената помеѓу земјоделците и откупувачите, најрано 30 дена пред откупот. Притоа уште и наведуваа дека ќе бидат гарант за откупувачите. Сведоци сме дека во моментот иако сезоната за откуп на зелката е во полн ек ниту е договорена цената ниту има откуп. СДСМ вети дека ќе формира ИНТЕРВЕНТЕН ФОНД токму за овие намени, поточно помош во кризни состојби при пласман на земјоделските производи, квантифициран на 6 милиони евра. Во моментот ниту е формиран фондот ниту ги има средствата, што самото по себе укажува на уште едно лажно ветување. Ветуваа поддршка за изнаоѓање на нови и алтернативни пазари, но не само што не изнајдоа нови, туку ги затворија и пазарите кои со макотрпна работа ги изнаоѓаше и ги развиваше владата на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Тренов.
Според него, оваа состојба уште еднаш ја докажува неспособноста на Владата предводена од СДСМ да се справува со проблемите на земјоделците. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Владата под итно согласно Законот за земјоделство и рурален развој, да ги примени мерките за стабилизација на пазарите, кои се пропишани за вакви кризни состојби со што ќе дојде до стабилизирање на цената на зелката. Исто така, Државниот инспекторат за земјоделство како надлежна институција за контрола при откуп на земјоделските производи, да ги активира контролите на терен, за да елиминира каква било манипулација со производителите на зелка.

ВО ТРЕНД