Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Саудискиот принц не прашува за цена, закупил 285 соби за гости во Лос Анџелес

Престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман уште еднаш потврди дека не прашува за цена. Тој и неговата придружба резервирале цел хотел со пет ѕвезди „Four seasons“ во Лос Анџелес, каде ќе престојуваат три ноќи.

Собите во овој хотел чинат околу 625 долари за ноќ, а вкупно ги има 285. Претседателските апартмани можат да чинат и 10.000 долари за ноќевање.

Она што е најинтересно, самиот престолонаследник нема да престојува во хотелот, туку ќе биде во приватна резиденција, така што хотелот е за неговата придружба и истакнатите гости.

Ова е прво патување на принцот во Лос Анџелес, и тоа неколку месеци откако Саудиска Арабија потврди дека ќе ја укине 35-годишната забрана за кино.

Салман допатувал во Лос Анџелес како би разговарал со големите продукциски куќи. Принцот е заинтересиран за нови индустрии како забава, со цел земјата да не се потпира само на арапскиот главен извор на заработка – нафтата.

Во тренд…