Путин и Ердоган потпишаа договор тежок милијарда долари, еве за што се работи

Рускиот и турскиот државен фонд ќе уплатат до 500 милиони долари, а ќе се фокусираат на вложувања во инфраструктурата, здравството и ИТ секторот.

Со отварање на работите на првата турска нуклеарна електрана за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин, засенет е договорот за основање заеднички инвестициски фонд тежок милијарда долари.

Како што наведуваат новинските агенции, рускиот фонд за инвестиции и турскиот државен инвестициски фонд договориле значително економско поврзување на двете држави.

Како што пренесоа агенциите, двете страни во фондот ќе уплатат до 500 милиони долари.

– Фондот ќе инвестира во проекти кои ќе ги зајакнуваат трговијата, економските и инвестициските врски помеѓу Русија и Турција. Двете страни ќе се фокусираат на инфраструктурни проекти, здравство и информатички технологии, стои во соопштението.