Познатиот екс-функционер и актер е пуштен на домашно лекување: Имаше операција на срцето

Познатиот актер на акциони филмови и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер по операцијата на срцето, ја напушти болницата во Лос Анџелес и замина дома.

Неговиот портпарол на социјалната мрежа Твитер напиша дека актерот е во добра состојба. Шварценегер беше опериран на 29 март.

Ѕвездата на „Payer“,„Predator“ и „Total Recall“ по излегувањето од болница напиша: „Точно, се вратив“, алудирајќи на познатата реплика од „Терминатор“.

„Се разбудив и тоа е нешто за што треба да сум благодарен“, напиша Шварценегер од својот профил на социјалната мрежа Твитер.