Објавена снимка од овци кои умираат во страшни маки (Видео)

Организацијата за заштита на животни Animals Australia објави снимка која ја шокира Австралија, а прикажува стотици овци на бродови за извоз кои умираат во неподносливи услови.

Animals Australia објави вознемирувачка снимка која ги прикажува условите на бродовите во кои стотици животни се „живи сварени“ поради екстремните жештини.

промо

промо

Видеото прикажува стотици овци натрупани на брод, кои не можат ниту да се помрднат. Многу од нив умираат од гушење и исцрпеност, повеќето затрупани во сопствениот измет. Animals Australia наведува дека богатите компании ги претоваруваат бродовите со животни како би го максимилизирале профитот.

„Она што се случува на овие бродови не е видено досега“, наведува Animals Australia.

Австралиската влада најави истрага за условите во кои животните умираат за време на извоз.

Во тренд…