Просечниот пат од милионер до милијардер трае 14 години

На светот има 15.2 милиони милионери и 2.124 милијардери, според богатството пресметано во американски долари.

Пред десет години на светот имало помалку од 1.000 милијардери. Просечен милионер првиот милион го стекнал во 37-ма година, додека просечен милијардер станал во 51-та година од животот. Тоа значи дека просечниот пат од милионер до милијардер трае 14 години.

Најкраткиот пат е во технолошката индустрија која најбрзо се развива и во која патот во просек трае само 7.3 години.

Ова се некои од заклучиците до кои дошол Бетвеј на основа на листата на Форб, а земајќи ги во предвид 100-те најбогати луѓе на светот.

Најбрзиот напредок до милијарди, по држави, го направиле Русите, и тој во просек траел 9 години. Станува збор за, секако, олигарси од нафтената и други индустрии кои профитирале од приватизација после распадот на Советскиот сојуз.