Со лажна банкнота од 500 евра платил 130 литри ракија

Со лажна банкнота од 500 евра платил 130 литри ракија

Истрагата треба да покаже кој го измамил Ранко В. од Козарска Дубица, БиХ. Непознато лице со фалсификувани 500 евра од Ранко купил 130 литри ракија.

Полицијата во Козарска Дубица трага по засега непознат маж кој жестокиот пијалак го платил со лажна банкнота.

Случајот го пријавил синот на измамениот маж, кој на полицајците им рекол дека неговиот татко на непознат човек му продал ракија за 500 евра, како и дека подоцна утврдиле дека им е платено со фалсификат пари.

ВО ТРЕНД