“Политички земјотрес” во најава: Следува тотална де-вмроизација и целосна професионализација во државните служби!

Целосна професионализација на државната администрација, која што ќе биде сервис на граѓаните е резултатот кој што се очекува да го испорача новата Влада на премиерот Зоран Заев.

Факт е дека најголемите сопки и местенки на новата Влада ги прават вработени во државанта администрација како партиски кадар на минатата власт, сметаат аналитичарите.

Итно е потребна целосна де-вмроизација на секоја пора во општеството, во секој сектор од администрацијата, во образование, правда, здравство, полиција…

Според сознанија на Скај, покрај реконструкцијата на Владата која се најавува во следните десетина дена, се очекува замена и на повеќе актуелни функционери, со кои премиерот Зоран Заев најави дека ќе се збогува.

Истовремено најавени се и промени на Законски решенија кои ќе донесат целосна професионализација на државната администрација во многу брз период.

 

Стручноста и компетентноста пред се, но и почитување на Законите

Административците кои се стручни и компетентни, работат согласно Законите ќе си ја заддржат работата и ќе можат да напредуваат.

Оние кои пак не се стручни и компетентни, а се трудат да помогнат на општеството ќе добијат шанса да се професионализираат или прераспределат согласно своите можности и познавања.

Без работа би можеле да останат само оние кои не ги почитуваат Законите или пак не си ја вршат професионално и квалитетно работата за која добиле решение.

 

Јакнење на приватниот сектор

Целта на новата Влада пред се е јакнење на приватниот сектор, со што тој би станал по атрактивен за младите.

Факт е дека иднината на силна македонска економија е токму во приватниот сектор кој треба да понуди далеку повисоки плати од оние во администрацијата. Силен приватен сектор ќе значи повеќе пари за државата. Можностите на приватниот сектор се неограничени.

Во следниот период реално е да се очекуваат моќни мерки за јакнење на малите и средни бизниси и зголемување на вработеноста во приватниот сектор.

Младите својата иднина треба да ја бараат во приватниот сектор.

 

Итна де-вмроизација на институциите

Многу е јасно дека буквално сите сопки кои ги доживеа новата влада се токму од вработени и функционери од бившиот режим кои се уште не можат да се помират со судбината на нивната политичка опција која доживеа катастрофален пораз на локалните избори.

Сопките се на секој чекор, буквално од најниските ешалони па се до најгоре, и затоа аналитичарите сметаат дека е потребна многу брза и прецизна де-вмроизација на институциите.

Саботирањето врз реформите и активностите кои ги превзема владата на Заев ги прават личности блиски до поранешната власт, кои согласно актуелните законски прописи многу тешко можат да бидат сменети од функциите.

Следните месеци очекувајте драматични промени кои треба да го подобрат квалитетот на живот во Македонија, да ја вратат праведноста и правичноста, неселективноста, бидејки секој еден човек е важен,но итребад а биде еднаков пред законите.