Осум полицајци добија отказ поради дрога која ја „изеле глувци“

Осум аргентиснки полицајци добиле откази бидејќи тврделе дека глувци им ја изеле дрогата која исчезнала од полициско складиште во местото Пилар, северозападно од Буенос Аиерес.

Истражувачите утврдиле дека од ова складиште исчезнале 540 кг марихуана.

Поранешен полициски комесар и неговите колеги на судијата му рекле дека дрогата ја „изеле глувци“.

Портпаролот на судијата Адриан Гонзалез рекол дека глувците, според наводите на стручњаците, „не би ја помешале дрогата со храна“ – а дури и кога би го направиле тоа – би имало мртви животни во складиштето.

Полицајците ќе дадат исказ пред судија на 4 мај, а тој ќе донесе заклучок дали дрогата исчзнала поради невнимание или со цел некој да ја искористи.