Во програма во живо паднал во базен, а тука не бил крајот на неговите маки

Во програма во живо паднал во базен, а тука не бил крајот на неговите маки

Водителот на Би-Би-Си Мајк Бушел доживеал мала незгода кога, среде интервју со млади пливачи, паднал во базен.

Интервјуто се пренесувало во живо, а Мајк очигледно сакал да заземе подобра позиција во разговорот со пливачите, но кога станал не забележал дека површината на која дотогаш стоел е само степеница, па зачекорил и паднал во базенот со опремата за снимање која ја имал на себе.

Бушел брзо се подгинал и се вратил, но младите пливачи не можеле да се контролираат па следните неколку минути само се смееле, а кога успеале да се смират микрофонот престанал да работи.