Делува како лаксатив: Земете го ова и испразнете ги цревата

Го нарекуваат и болнички џем бидејќи е испитан на лица кои имале тежок облик за затвор (запек).

Пациентите кои пателе од затвор во просек јаделе по една лажица од овој џем на ден, а им помогнал во празнење на цревата и ја намалил потребата за лаксативи во споредба со оние кои не јаделе џем.

А ова е рецептот за чудесниот лаксативен џем.

Состојки: 150 гр урми (1 шолја), 150 гр суви сливи (1 шолја), 1,5 шолја зовриена вода (за погуст џем помалку)

Подготовка: Исечете ги урмите и сувите сливи на парчиња. Ставете ги во врела вода и гответе додека мешавината не згусне.

Добиената количина би требало да биде за 20 порции од 1 лажица. Овој џем е погоден за сите возрасти. Можете да го јадете сам, да го намачкате на леб, да го додадете во снегулки…