Закана: Ако не нападнат, ќе го срамниме Тел Авив со земја

Ирански висок функционер го предупредил Израел дека не треба да го провоцира Иран, ден откако слично предупредување Израел упатил до Иран.

Соработник на иранскиот духовен лидер Али Ширази изјавил дека Иран е способен да го уништи Израел.

– Ако имате изговор (за напад) на Иран, Тел Авив и Халифа ќе бидат срамнети со земја, рекол Ширази.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху го предупредил Техеран да „не ја тестира одлучноста на Израел“ и дека настаните последниве денови, алудирајќи на наводниот хемиски напад во Дума во Сирија, „покажале дека спротиставувањето на злото и агресијата е мисија на секоја генерација“.