Асад побегна во руска база, а наоколу летаат амрикански авиони, пренесуваат светските медиуми

Набљудувачки авиони на американската морнарица се забележани во близина на руските бази во Сирија, на источниот Медитеран крај брегот на Сирија, пренесуваат светските медиуми. Таму се сместени руската воздухопловна база Хмејм и приморската база Тартус, јави британскиот портал „Експрес“.
Руската новинска агенција „РИА новости“ наведува дека седум американски воени авиони извеле набљудувачки мисии. Медиумите наведуваат дека во руската база Хмејм побегнал сирискиот претседател Башар ал-Асад. Според видеоснимка до која дошол „Багдад пост“, Асад се наоѓа во таа воздухопловна база во просторија без прозорци.
Неименуван извор, на кој се повикува британскиот портал „Експрес“, тврди дека сирискиот претседател е виден како ја напушта претседателската резиденција во Дамаск во придружба на руски воени единици.
Аналитичарите тврдат дека сириската политика моментно ја водат Руси и Иранци, а Асад не може со никој да комуницира од страна за да не се открие каде се наоѓа.

ВО ТРЕНД