Гутереш: Се врати студената војна и може да излезе од контрола

Студената војна се обновува и веќе не постојат механизми за нејзина контрола, кои во минатото помагаа за да се контролира нејзината ескалација, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој порача дека сериозноста на последните обвинувања за употреба на хемиско оружје во Сирија бара професионална и независна истрага.
Според него, на мисиите на Организацијата за забрана на хемиското оружје неопходно е да им се дозволи пристап до местата за кои се претпоставува дека биле цел на хемиски напад.
„Утре тие ќе почнат со работа“, изјавил Гутереш.
Генералниот секретар на ОН оценува дека судирот во Сирија мора да се реши по политички пат и дека не смее да има воено решавање на оваа криза.
„Долги осум години страдаше сирискиот народ. Нема воено решение на судирот, кризата мора да се реши политички преку женевските меѓусириски преговори како што е укажано во Резолуцијата 2254 во Советот за безбедност, со напори на мојот специјален претставник Стефано де Мистура“, рекол Гутереш на вонредната седница на Советот за безбеднсот по повод тензичната состојба во Сирија.
Гутереш предупредил на опасноста од воена ескалација од големи размери во Сирија и ги повикал сите страни да се однесуваат одговорно во сегашните услови.