Иран: САД и сојузниците ќе сносат одговорност за последиците од нападот

Министерството за надворешни работи на Иран ги осуди нападите на Сирија, кои минатата ноќ беа изведени на чело на САД, предупредувајќи дека Вашингтон и неговите сојузници ќе сносат одговорност за последиците во регионот и пошироко.
„Без сомнеж, САД и нивните сојузници кои презедоа воена акција против Сирија, без било какви докази, ќе сносат одговорност за регионалните и трансрегионалните последици на овој ризичен потфат“, се наведува во соопштението од Иран.
Иранскиот претседател Хасан Рухани предупреди дека воениот удар што го предводи САД ќе доведе до деструкција на Блискиот Исток.
„Такви напади не даваат друг резултат освен дополнителна деструкција. Американците сакаат да го оправдаат своето присуство во регионот со слични напади“, вели Рухани.

ВО ТРЕНД