Најголемиот крузер на светот тргна на првото патување: Фасцинантна зграда на море

После три години изградба најголемиот крузер на светот, чиј капацитет е девет илјади луѓе, исплови од Барселона во Шпанија и тргна на првото патување на Медитеранот.

Крузерот „Симфонија на морињата“ не носи само титула најголем на светот, туку поседува и највисок тобоган на море, најбрз интернет на море, повеќе уметнички дела отколку што Лувр има слики.

Крузерот е нешто подолг од 362 метри, а поседува дури 22 ресторани, 24 базени и 2.759 кабини.

Може да прими околу 6.680 гости и околу 2.200 членови на екипажот, така што неговиот капацитет изнесува 9.000 луѓе.