Не очекува посвежо време – еве од кога

Утре ќе има зголемена облачност со умерен до засилен ветер од југоисточен правец, а кон крајот на денот во западните делови ќе има повремен локален дожд.

Дневната температура ќе се движи од 15 до 25 степени.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени врнежи од дожд, а од вторник и со локална појава на грмежи.