Русите пет години ги шпионирале Сергеј Скрипал и ќерка му, тврди британски советник за безбедност

Британскиот советник за национална безбедност, Марк Седвил, тврди дека руските агенции пет години ги шпионирале поранешниот агент Сергеј Скрипал и ќерка му Јулија, објавила на „Твитер“ британската агенција „Прес асосејшн“.
Во писмо до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Седвил вели дека само Русија има технички средства, оперативно искуство и мотив за нападот врз поранешниот руски двоен агент и неговата ќерка.