САД, Франција и Велика Британија ноќеска ја бомбардираа Сирија

Американската армија заедно со Франција и Велика Британија како свои сојузници ја бомбардираше Сирија, односно испали стотина проектили врз воени цели блиски до режимот на Башр ал Асад и воената база каде се верува дека било чувано хемиското орујже користено за напади врз цивили и нивно труење во Гута.
Секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис посочи дека засега ова е прв и единечен напад преку воздух со Томахавк ракети, и дека истиот е доста тежок, но прецизецен и пропорционален и многу внимателно изведен.
Според него сега биле исплаени нешто повеќе од двојно ракети во однос на ланскиот напад кога исто така се веруваше дека Асад користи хемиско оружје против својот народ.